Русија ја прекина испораката на гас за Летонија
Руската државна енергетска компанија Газпром во саботата објави дека ја прекинала испораката на природен гас за Летонија поради прекршување на договорите.
Во кусото соопштение, Газпром рече дека испораките се запрени бидејќи Латвија ги прекршила „прописите за користење гас“. Компанијата не прецизираше точно кои одредби ги прекршила Латвија.
Податоците од летонскиот оператор за пренос на гас Конексус исто така го потврдуваат прекинот на испораките на гас од Русија од 30 јули.
„Газпром“ на 27 април објави дека целосно ја прекина испораката на гас за бугарската компанија „Булгаргаз“ и полската ПГНиГ поради неплаќање навреме во рубљи. На 21 мај беше објавено дека поради истата причина е прекинато снабдувањето со руски гас на финската компанија Гасум. Потоа испораките беа стопирани до данскиот Орстед, холандскиот Гас Тера и Шел Енерџи Јуроп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…