Русија ќе ги зголеми испораките на муниција за војниците на фронтот во Украина

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вети дека ќе ги зголеми испораките на муниција на руските трупи во Украина. Тој ја даде изјавата за време на посетата на штабот на руските војници кои се борат во Украина, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на Министерството за одбрана, пренесе БТА.
На снимката објавена денеска од руската агенција на Телеграм се гледа како Шојгу претседава со состанокот со високи воени претставници, вклучувајќи го и началникот на Генералштабот на руската армија, генерал Валериј Герасимов.
Според снимката, Шојгу на состанокот вели дека Русија ќе преземе чекори за да го зголеми снабдувањето со муниција на своите војници на фронтот.
Според неговите зборови, „утврден е обемот на залихи на најбараната муниција. Се преземаат неопходните мерки за нивно зголемување“.
Во последните месеци, Шојгу беше под остри критики од тврдокорните поддржувачи на руската кампања во Украина, вклучувајќи го и шефот на платеничката компанија Вагнер, Евгениј Пригожин, кој го обвини дека не обезбедува доволно муниција за војниците на фронтот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин бара од Украинците да земат руско…
Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…
Вулин: Руските разузнавачки служби ни помогнаа против…
Српскиот вицепремиер Александар Вулин рече дека руските…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
Макрон ја повика Русија да го прифати…
Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Русија…
Руте повика на нормализација на односите со…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска…