Русија ќе обезбеди финансиска помош за семејствата од окупираните територии во Украина
Русија ќе им помогне финансиски на семејствата од окупираните територии во Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин нареди денеска да им се исплатат по 10.000 рубљи (околу 167 евра) на семејствата со деца на окупираните украински територии.
Како што соопшти Кремљ, парите се за семејства со деца на возраст од 6 до 18 години кои живеат во регионите Запорожје, Харков и Керсон, како и во самопрогласените Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск. Семејствата чии деца одат на училиште треба да ги добијат парите до 15 септември.Русија на луѓето од окупираните украински територии им нуди руски пасоши и државјанства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Путин: Русија се залага за рамномерен развој…
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…