Објавено на:

Русија ѝ одговори на Украина за прекинувањето на дипломатските односи: Тоа е логичен заклучок на русофобната политика

t

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека не е изненадено од тоа што Киев ги прекина сите дипломатски односи со Москва. Русија не би го направила овој избор, но го смета за „логичен заклучок“ на „русофобната политика“ на украинското раководство, се вели во забелешката цитирана од РИА Новости.

Министерството истакна дека Украина ја засилува дискриминаторската политика против етничките Руси кои живеат во Украина и ги намалува односите со Русија по вооружениот пуч во 2014 година, со кој беше соборен од власт избраниот тогашен претседател Виктор Јанукович.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека сите дипломатски врски со Русија се прекинати поради воената операција, која Москва ја започна во четвртокот наутро. Рускиот претседател Владимир Путин рече дека целта е да се демилитаризира и „денацизира“ Украина.

Тој ги обвини западните земји предводени од САД дека ја пумпаат Украина со напредно оружје и го засилиле присуството на НАТО во земјата. Воениот напад беше неопходен за да се спречи полошо крвопролевање во иднина, тврди рускиот лидер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…

Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…

Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…

Тој повторно ги истакна нападите на САД…

Медведев: ЕУ е директна закана за Русија

Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…

Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…