Руската амбасада со реакција на изјавата на Петровска: Министерката да ја земе предвид реалната состојба при поставувањето на приоритетите за работата на министерството
Руската амбасада во Македонија објави реакција во врска со изјавата на министерката за одбрана на Република Македонија, Славјанка Петровкса, дека во тек е изготвување на анализи за можностите за потенцијално учество на Армијата на РМ во случај на руската инвазија на Украина.
Реакцијата ви јапренесуваме во целост.
Со изненадување се запознавме со изјавите дадени последниве денови од министерката за одбрана на Р М г-ѓа Петровска во врска со „поставувањето на вооружените сили од страна на Руската Федерација што е провокативно и има дестабилизирачко дејствување“ (интервју за ТВ24 од 23 јануари) и „изготвување на анализи за можностите за потенцијално учество“ на Армијата на РСМ во случај на „руската инвазија на Украина“ (интервју за ТВ Телма од 24 јануари).
Го обрнуваме вниманието на апсолутно јасните изјави на руското раководство – Русија никогаш никаде не му се заканувала на украинскиот народ и нема намера да презема никакви агресивни дејствија. Со други зборови, нема да извршиме напад, инвазија или да ја погодиме Украина. Во однос на руските трупи – тие се движат низ сопствената територија и имаат целосно право на тоа.
Што се однесува до Украина, Киев продолжува тврдоглаво да ги избегнува своите обврски од Договорите од Минск, кои вклучуваат, особено, воспоставување директен дијалог со Донецк и Луганск и внесување во Уставот посебен статус на Донбас. Доследно и целосно спроведување на „Пакетот мерки“ од Минск од 2015 година како безалтернативна основа за разрешување е неопходен услов за решавање на внатреукраинската криза.
Го гледаме ризикот дека Украина ќе стане поинтегрирана во НАТО, дури и без да добие формален статус на членка на алијансата. Тоа е она што директно влијае на безбедносните интереси на Русија. Постигнувањето на пресврт во оваа ситуација е во фокусот на нашето внимание. Ова е основата на нашите предлози за обезбедување цврсти, правно обврзувачки гаранции за безбедност од страна на САД и НАТО.
Се надеваме дека раководителката на Министерството за одбрана на РМ ќе ја земе предвид реалната состојба при поставувањето на приоритетите за работата на министерството на чело со неа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Марија Габриел ќе биде втор човек во…
Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…