Руската армија започна да регрутира затвореници за војната во Украина

t

По регрутирањето затвореници за руските платенички сили, сега и регуларната руска армија регрутира осуденици за војната во Украина, тврдат активистите за граѓански права и медиумите.

Од крајот на септември Министерството за одбрана почна да регрутира осуденици, објави независниот портал „Важније истории“ (Важни приказни).

Порталот, кој е критичен кон Кремљ, известуваше за посетите на претставници на руската армија во казнените колонии во регионот Рјазан во близина на Москва и во Ставропол,Северен Кавказ.

Според „Важни истории“, генерали на руската армија им ветуваат на затворениците дека ќе бидат ослободени по операцијата.

Поранешните затвореници, наводно, ќе бидат дел од специјалната единица наречена „Бура“.

Активистите за граѓански права од организацијата „Гулагу.нет“ претходно објави за обиди за регрутирање во регионот Нижни Новгород.

Платеничката група Вагнер, финансирана од доверливиот човек на претседателот Владимир Путин, Евгениј Пригожин, од летото регрутира затвореници.

Додека руското Министерство за одбрана тврди дека регрутира затвореници кои претходно служеле во безбедносните служби и кои можеби имаат борбено искуство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција го блокира пристапот до израелските штандови…

Франција го блокираше пристапот до штандовите на…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…