Објавено на:

Руската војска собори американски дрон во Запорожје: Велат дека служел за шпионажа

t

Руската војска собори американско беспилотно летало кое украинската војска го користи за да ја следи ситуацијата во регионот Запорожје, а потоа да врши диверзантски напади, изјави неименуван извор од руските вооружени сили, пренесува Спутник.
Според информациите, станува збор за дрон „Квантикс Рекон“ произведен од американската компанија „АероВиронмент“.


Неименуваниот извор изјавил и дека со анализата на соборениот дрон е утврдено дека тој е способен да врши извидничка активност без директна активност на операторот кој го контролира леталото.
Претходно, лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов, изјави дека над полуостровот во утринските часови биле уништени два дрона – едниот бил соборен, а другиот уништен со помош на електронска војна.
„Во исто време со нападот на Севастопол, воздухопловните сили соборија еден беспилотен авион над Крим, а другиот беше уништен со помош на електронска војна. Нема жртви или материјална штета“, напиша Аксјонов на Телеграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девизните резерви на Русија срушија нов историски…

Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…

Макрон: Не е време за укинување на…

Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…

Голем удар за Русија, хакерски напад го…

Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…