Руската контраофанзива во Курскиот регион е запрена, изјави портпарол на украинската војска

t

Руската контраофанзива за враќање на областите под украинска контрола во Курскиот регион е запрена, изјави денеска портпаролот на украинската регионална команда Олексеј Дмитрачкивски за француските медиуми, додавајќи дека во регионот се наоѓаат „неколку илјади“ руски цивили.

-Русите се обидоа да нападнат од крилата, но беа спречени. Ситуацијата се стабилизира и денеска се е под контрола, изјави Дмитрачкивски.

По 2,5 години руска инвазија и под повеќемесечен притисок во источна Украина, украинските сили на 6 август извршија ненадеен напад во рускиот пограничен Курски регион, со што ја изненадија Москва и зазедоа неколку стотици квадратни километри и десетици населени места.

На 12 септември руската армија соопшти дека ја зајакнала својата позиција со преземање контраофанзива во областа.

-Тие имаа некои помали успеси, но тој успех де факто сега стана нивно опколување, рече Дмитрачкивски. „Русите влегоа во населба. Почнаа да се борат за друга населба, но тоа е тоа“, додаде тој.

Украинскиот армиски портпарол, исто така, рече дека „неколку илјади руски цивили се уште се на територијата под контрола на Украина“.

-Во некои населени места има повеќе од 100 луѓе, а во други повеќе од 200, повеќе од 500, рече тој, додавајќи дека станува збор за претежно постари лица, но дека има и деца.

Француските медиуми не можат да добијат независна потврда на вистинитоста на овие тврдења.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…