Руската полиција уапсила група украински диверзанти во Курската област
Руската полиција уапси група диверзанти кои наводно планирале напад на складиште за нафта во Курската област, соопштија безбедносните сили.
„Приведена е група диверзанти кои планирале експлозија на територијата на еден магацин за нафта, а се движеле со цивилен автомобил. Кај нив биле пронајдени експлозиви и детонатори“, соопшти полицијата.
Како што се наведува, еден од уапсените зборувал за плановите за терористички напад, а истрагата продолжува.
Украинските сили го нападнаа рускиот регион Курск на 6 август, што предизвика масовна евакуација на локалното население.
Според Министерството за вонредни ситуации, во 28 региони на Русија има 197 центри за привремено сместување, каде престојуваат повеќе од 11.500 луѓе, меѓу кои и повеќе од 3.500 деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…