Објавено на:

Руската разузнавачка служба тврди дека Вашингтон подготвува кампања за дискредитација на Зеленски

t

Руската надворешна разузнавачка служба тврди дека американската администрација планира да започне моќна информативна кампања за да го дискредитира украинскиот претседател Володимир Зеленски и да го принуди да ја напушти функцијата.

Во соопштението се наведува дека САД истражуваат опции за замена на Зеленски со личност која е полесна за управување и помалку корумпирана, пренесуваат руските медиуми.

-Според информациите на Надворешната разузнавачка служба на Русија, незадоволството од Зеленски расте кај американската елита, а оние кои изразуваат сомнеж за „намерното трошење милијарди долари за воена помош“ за Киев се сè погласни, а и во Демократската и во Републиканската партија, се погласни се оние кои изразуваат сомнеж за „намерното трошење милијарди долари за воена помош“ за Киев. Зеленски презема глупави чекори кои се закануваат да ескалираат многу подалеку од границите на Украина, истакнува Руската служба за надворешно разузнавање.

Се додава дека затоа американската администрација бара негова замена која би им одговарала на повеќето западни сојузници.

Според руските разузнавачи, поранешниот министер за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков се смета за најсоодветен кандидат поради неговите блиски врски со украинските националистички формации и контактите со лидерите на европските земји.

-Белата куќа смета дека тоа ќе му овозможи на Западот подобро да се подготви за евентуалниот почеток на преговорите со Русија за решавање на украинскиот конфликт, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…

Владата најави ново задолжување од 700 милиони…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…

Акиов и се извини на службеничката за…

По насилниот инцидент на денешната седница на…

Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…

45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…