Руска пропаганда?: Кремлин тврди дека НАТО војници се распоредени во Украина – се подготвува ли теренот за вojна
Кремлин споделува дезинформации велејќи дека војниците на НАТО се во Украина и се подготвуваат да ги нападнат руските сојузници и објекти, пренесува Дејли Маил.
Информациите тврдат дека војниците на Алијансата се вклучени во борбите против сепаратистите поддржани од Москва во долготрајната војна во регионот на Донбас.
Безбедносните експерти предупредуваат дека низата лажни вести, дизајнирани да го зацврстат мислењето дома и да шират конфузија во странство, ги надминуваат дури и нивоата во 2014 година пред Москва да го заземе Крим и да поттикне бунтови во Донбас.
Марија Авдеева рече дека пропагандата – честопати почнувајќи од сервисот за пораки Телеграм – ја покажува тежината на руската закана.
„Секој ден, каналите на Телеграм излегуваат со нови „докази“ кои имаат за цел да покажат како украинските сили сами или со помош на сојузниците како САД, Канада и Британија подготвуваат различни видови провокации“, додаде аналитичарот.
„Потоа, пораките мигрираат во руските мејнстрим медиуми.
Извор: Дејли Меил
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…