Руска честитка за Денот на независноста на Украина: Најмалку 12 загинати, 50 ранети
Најмалку 15 лица загинаа, а 50 се ранети денеска во руски ракетен напад на железничка станица во централна Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред Советот за безбедност на ОН.
„Штотуку добив информација за пад на руска ракета на железничка станица кај Дњепропетровск, на вагони на станицата Чаплино. Се запалија четири патнички вагони”, рече Зеленски на почетокот на својот говор.
Според него, „најмалку 15 луѓе ги загубиле животите, а педесетина се ранети”. „Спасувачите излегоа на терен, но бројот на жртви, за жал, може да се зголеми. Ова е нашето секојдневие”, додаде Зеленски.
Нападот доаѓа додека Украина го слави Денот на независноста, со што се одбележува прекинот на врските со СССР во 1991 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…