Објавено на:

Рускиот амбасадор во Белград: Прашањето за незвисноста на Косово ќе се решава по завршувањето на конфликтот во Украина

t

Амбасадорот на Русија во Белград, Александар Бочан-Харченко денеска изјави дека конечниот статус на Косово ќе се дефинира во други геополитички услови, по завршувањето на конфликтот со Западот на територијата на Украина, во кој Русија сигурно ќе победи.

Во интервју за агенцијата Бета, Боцан-Харченко рече дека разбира дека француско-германскиот предлог за решавање на косовското прашање не е прифатлив за Србија, бидејќи предвидува Србија да не се спротивстави Косово да стане членка на сите меѓународни организации.

„За разлика од резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, француско-германскиот план не е основа за долгорочно решение на прашањето за Косово и Метохија. И овој план, како и сите претходни, предвидува еднострани отстапки на Белград, пред се за Косово да стане членка на сите меѓународни институции и Обединетите нации. Француско-германскиот план во суштина го претставува меѓународното признавање на независноста на Косово. Западот отворено инсистира на тоа дека Белград мора да ја признае независноста на Косово“, рече Боцан-Харченко.

Запрашан да прецизира дали има услови под кои Русија би се согласила Косово да стане членка на ОН, Бочан-Харченко рече дека Русија не го признава Косово.

„Сега е невозможно да се одговори на вашето прашање, бидејќи никој од нас во овој момент не знае како конечно ќе се реши косовското прашање. Косовското прашање ќе се решава во други геополитички услови кои ќе настанат по завршувањето на конфликтот меѓу заедничкиот Запад и Русија. Во сегашните геополитички услови не е можно долгорочно решение за некои отворени регионални прашања, вклучително и Косово и Метохија“, нагласи рускиот амбасадор.

Тој додаде дека новите геополитички услови ќе бидат резултат на сите актуелни случувања на меѓународната сцена.

„Во конфликтот меѓу Западот и Русија, Русија сигурно ќе победи. Русија не води војна против Украина, туку е во конфликт со Западот на територијата на Украина. Европската безбедност како целина ќе зависи од исходот на тој конфликт. Убедени сме дека ќе се воспостави нов мултиполарен меѓународен поредок во кој Западот нема да игра одлучувачка улога. Сега Вашингтон се обидува да го реши косовското прашање преку француско-германскиот план, но во сегашните околности тоа не е можно“, рече Боцан-Харченко.

На прашањето зошто Русија не е поактивно вклучена во решавањето на косовското прашање, рускиот амбасадор рече дека Русија уште од првиот ден е активно вклучена во решавањето на тој проблем како постојана членка на Советот за безбедност.

„Поради непријателските односи меѓу Русија и Западот не е можен заеднички формат, но Косово се уште е на агендата на Советот за безбедност. Конечното решение за Косово не е можно без поддршка од СБ и тоа е најважно во овој момент“, рече Боцан-Харченко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медведев повторно се заканува: Директен конфликт меѓу…

Директен конфликт меѓу Русија и САД, доколку…

Маќедонци: Со ракетите „Џавелин“ го штитиме секој…

Само ден откако косовскиот премиер Албин Курти…

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Студентите од Правниот факултет ѝ пееја на…

Студентите на белградскиот Правен факултет денеска организираа…

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…