Рускиот амбасадор во ЕУ: На Русија не ѝ е потребна територијата на Украина, руската aрмија ќе се повлече по завршувањето на оперaцијата

t

На Русија не и е потребна територијата на Украина, изјави постојаниот претставник на Руската Федерација во Европската унија, Владимир Чижов.
„Имаме доволно територија… Териториите на Народната република Доњецк и Луганск всушност ќе се прошират за да го опфатат целиот регион, рече Владимир Чижов во интервју за порталот вести Euractive.
Според него, Русија нема намера да остане во Украина и ќе ги повлече своите војници по воената операција.
„Нашата намера не е да останеме во Украина засекогаш. Руската армија ќе ја заврши оваа операција, се надеваме што е можно поскоро и ќе си замине“, рече Чижов.

Според неговата проценка, сегашниот режим во Киев не е способен за преговори, но во одреден момент евентуалната нова влада во Украина и властите на ДНР и ЛНР би можеле да најдат заедничка основа за преговори.
„Во моментов не гледам никаква можност дека сегашниот режим во Киев е способен за преговори… Не велам дека договорите од Минск би можеле да се применат, но тие би можеле да се искористат како основа за понатамошни преговори“, рече тој
Русија во четвртокот наутро започна специјална воена операција за демилитаризација на Украина.
Во телевизиско обраќање до Русите, рускиот претседател Владимир Путин рече дека околностите бараат решителна и итна акција и дека народните републики во Донбас и се обратиле на Русија со барање за помош. Според рускиот лидер, целата одговорност за крвопролевањето ќе биде на совеста на владејачкиот режим во Украина. Тој ја повика украинската армија да не ги почитува криминалните наредби на украинските власти, да го положат оружјето и да си одат дома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Украина мора да остане неутрална

Русија инсистира Украина, како што е предвидено…

Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…

Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…

Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети

Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…

Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…

Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…

Путин: Агресијата против Иран е неиспровоцирана и…

Рускиот претседател Владимир Путин започна состанок со…