Рускиот амбасадор го испофали Вучиќ: Се грижи за интересите на својата земја и не бара изговори
Во интервју за српски “Спутник” рускиот амбасадор Александар Боцан-Харченко го испофали српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ се грижи за интересите на својата земја и не бара изговори, вели амбасадорот.
Друго прашање што привлекува внимание се вашите чести средби со претседателот на Србија. Тие што не ја сакаат Русија велат дека Вучиќ доаѓа кај вас секој час за да се оправда за нешто што го направил. Какви се односите и какви муабети?
– Тие обвинувања се продолжение на неуспешните и мизерни обиди да се фрли сенка и да се труе се што постои во нормалните односи. Всушност, нема оправдувања, не само што ги нема, туку не може да има. Претседателот на Србија – и тоа добро го разбира Москва, а раководството на Србија е ориентирана кон националните интереси на Србија и се што е направено се заснова на тие интереси и на долгорочните задачи за развој на Србија и зајакнување на нејзината стабилност , како и регионалната и европската стабилност и зајакнување на улогата во меѓународните работи. Затоа е сосема незамисливо да се оправдуваш дека си ги следиш интересите на својата држава, а ги нема. Претседателот Вучиќ постојано ја пофали позицијата на Русија во однос на косовското прашање, конзистентниот, принципиелен став на Русија како постојана членка на Советот за безбедност. Навистина, таквиот статус е исклучително важен кога станува збор за актуелната ситуација во однос на решавањето на косовското прашање, како и кога станува збор за перспективата кога ќе се појави позитивна охрабрувачка динамика за решавање на таа криза, а тоа секако ќе се случи. .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…