Рускиот Мекдоналдс руши рекорди: Огромен број хамбургери продадени за еден ден
Биг Мек и Мек Флари можеби повеќе не се на менито во рестораните кои го замениле познатиот Мекдоналдс во Русија, но новата компанија има амбициозни цели за понатамошен бизнис откако продаде рекордни 120.000 хамбургери на денот на отворањето, изјави нејзиниот извршен директор за Ројтерс.
Мекдоналдс го прекина својот бизнис во Русија поради инвазијата на Москва на Украина, а своите ресторани ги продаде на друг сопственик во мај. Под новото име „Вкусно и Точка“ (Tasty – And That’s It), 50 ресторани во и околу Москва беа отворени на 12 и 13 јуни.
Извршниот директор Олег Пароев сака да отвори ресторани и на други локации. Како што тврдеа при отворањето на новите ресторани, опремата останала иста, а малку е променет и рецептот по кој се подготвува храната. Илјадници луѓе кои дојдоа на отворањето на плоштадот Пушкин во Москва, го поздравија новото лого, шема на бои и пакување на храната, пренесува Ројтерс.
„Првиот ден продадовме речиси 120.000 хамбургери“, рече Пароев. „Никогаш не сме виделе таков дневен промет за сите години на Мекдоналдс во Русија“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…
Македонската амбасада во Киев погодена во руски…
Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…