Рускиот милијардер жестоко го критикуваше Путин: Најхрабра изјава на бизнисменот од почетокот на војната во Украина, дали тој се подготвува влез во политиката?
Рускиот олигарх Олег Дерипаска ја нарече војната во Украина лудило и повика на безусловен прекин на борбите.
Милијардерот по одржувањето на состанокот на Работниот советодавен совет за Азиско – пацифичката економска соработка (APEC) на којшто ја претставуваше Русија, даде изненадувачка изјава за порталот „Nikkei“. Во изјавата тој ги критикуваше направените трошоците на Русија за оружје и повика на моментален и безусловен прекин на борбите со Украина.
„Прво морате да го запрете огнот ако сакате да ја прекинете војната“, кажа милијардерот.
Овој коментар на Дерипаска според Ројтерс, се смета за најостра критика од страна на кој било бизнисмен којшто продолжил да живее во Русија откако започна војната со Украина во 2022 година, а веднаш по изјавата Дерипаска стана мета на поддржувачите на војната.
„Ставот на Дерипаска околу специјалната воена операција беше двосмислен. А сега тој јасно го изнесе својот став. Дерипаска е на спротивната страна. Тоа е убод со нож во грбот на нашите воени сили и помош за украинските терористи кои извршија инвазија врз областа Курск“, напиша на својот „Телеграм“ канал рускиот филозоф Александар Дугин – којшто многумина го сметаат за главниот идеолог на војната со Украина.
Меѓутоа Дерипаска уште на почетокот на конфликтот во февруари 2022 година, зборуваше за потребата од преговори и прекин на огнот, но последната негова изјава претставува многу храбра и некарактеристична изјава за луѓе кои се сметаат за блиски со властите во Москва, пренесува „Ројтерс“.
Политикологот Константин Калачов смета дека Дерипаска внимателно чекори кон иднината и дека неговите изјави можеби воопшто не се насочени кон западните партнери туку кон граѓаните на Русија.
„Можеби тој еден ден ќе посака да влезе во политиката. Тогаш сите овие изјави ќе бидат темел на неговата идна политичка кариера. Повикот на брз мир и сомнеж во потребата од продолжување на специјалната воена операција ќе бидат корисни за позиционирање на неговиот имиџ и програма на среден и дологорчен рок“, вели Калачов.
Исто така и политикологот Иља Грашченков смета дека причината за ваквите смели изјави на Дерипаска можеби е токму неговата желба да стане политичар.
Дерипаска уште од почетокот отворено се спротивставуваше на борбите и генерално беше умерен.
Во последните години Дерипаска се позиционираше како руски Трамп односно како ултра десен политичар. Ултрадесничар не во смисла на националната политика туку во смислата дека максимално го поддржува пазарниот капитализам.
Тоа е нешто како: „Направете ја Русија повторно „голема“.Овие ставови на Дерипаска се ризични бидејќи се спротивставени со актуелната власт. Дали со ова тој се обложува со својата иднина? Мислам дека се обложува бидејќи преносот на власта е во тек и на ваков или таков начин гледаме дека елитите во Русија не само што се менуваат туку и се борат за опстанок, па така и Дерипаска се бори“, вели Гарашченков и исто така претпоставува дека прекинот на огнот и преговорите ќе создадат потреба за комуникација со Западот а во којашто Дерипаска би можел да земе учество.
Дерипаска инаку се збогатил преку трговија со метали во моментот на распаѓање на Советскиот Сојуз.
Тој се стекна со богатство купувајќи удел во фабриките за алуминиум. Според „Форбс“ неговото богатство во 2024 година изнесува 2,8 милијарди долари.
Дерипаска од 2018 година се наоѓа под санкции од страна на САД и се обиде правно да ги оспори пред американските судови, а исто така тој е под санкции на ЕУ и Велика Британија од 2022 година.
Потсетуваме дека, Дерипаска исто така неодамна изјави дека можниот крај на војната со Украина треба да се очекува најдоцна до мај 2025 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рускиот милијардер жестоко го критикуваше Путин: Најхрабра…
Рускиот олигарх Олег Дерипаска ја нарече војната…
Тројца германски пливачи на отворени води се…
Тројца германски пливачи на отворени води се…
Неверојатна приказна: Влезе како замена, освои злато…
Етиопјанецот Тамират Тола ја освои титулата олимписки…
(Видео) Илјадници луѓе на улиците во Белград…
Протестот против ископот на литиум од проектот…
Осум и шестгодишно дете исчезнаа во Грција
Грчката полиција трага по две деца кои…