Рускиот министер за финансии: Американците живеат во заблуда дека доларот е сигурна валута
Американскиот долг достигна нов рекорд од 33 трилиони долари во септември, а рускиот министер за финансии Антон Силуанов објаснува дека државниот долг на САД е висок поради неконтролирана емисија на долари.
Американскиот национален долг во септември достигна нов рекорд – 33 милијарди долари, а на почетокот на октомври за еден ден се зголеми за 275 милијарди долари, што е три отсто повеќе од вкупната задолженост на Русија.
Рускиот министер за финансии Антон Силуанов вели дека државниот долг на САД е висок поради неконтролираната емисија на долари.
„Долгот на САД е навистина голем, но проблемот е што тие самите печатат пари и ги купуваат, купуваат обврзници на САД, бидејќи сè уште живеат во парадигмата дека доларот е сигурна валута“, објаснува Силуанов.
Напоменува дека валутата не може да биде сигурна со неконтролирана емисија и објаснува дека затоа долгот расте.
„Тоа ги пренасочува буџетските расходи, вклучително и средствата за сервисирање на долгот. Каматите растат, има помалку пари за тековните обврски и за потребите на државата“, вели Силуанов.
Министерството за финансии на САД минатата недела објави дека ќе позајми 776 милијарди долари во последниот квартал од оваа година. Ова е најголемата сума што американската влада некогаш ја позајмила во текот на четвртиот квартал, пренесува CNN.
Иако е неславен рекорд, можеше да биде и полошо. Таа сума, сепак, е 76 милијарди долари помала од проценката на Министерството за финансии во август, бидејќи наплатата на даноците во октомври беше повисока од очекуваната.
Во соопштението се додава дека Вашингтон најверојатно ќе позајми 816 милијарди долари во првиот квартал од 2024 година, што исто така претставува рекордно ниво на задолжување за првиот квартал. Во третиот квартал од оваа година, САД позајмија 1,01 трилиони долари, 277 милијарди долари повеќе од очекуваното во мајската проценка. Како што пренесува „CNB“, американската влада неодамна објави дека буџетскиот дефицит за 2023 година ќе изнесува околу 1,7 трилиони долари.
Да потсетиме, во јануари беше надмината законската граница на американскиот долг кој изнесуваше 31,4 трилиони долари. Поради тоа, Министерството за финансии беше принудено да преземе итни мерки. Во последните месеци, американската администрација го повика Конгресот да го зголеми лимитот на долгот. Републиканците кои го контролираат Претставничкиот дом се согласија да го подигнат плафонот на долгот со значителни буџетски намалувања.
Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша нацрт-закон за зголемување на плафонот на националниот долг, кој Конгресот го одобри на 3 јуни. Новиот лимит ќе биде достигнат до 2 јануари 2025 година. Како што изјави Бајден, оваа иницијатива ја спречи економската криза и колапсот на САД.
Договорот, кој ќе обезбеди 886 милијарди долари за одбрана, 121 милијарди долари за здравствена заштита на ветераните и 637 милијарди долари за други неодбранбени програми во фискалната 2024 година (почеток 1 октомври) беше одобрен од Сенатот на 1 јуни и Претставничкиот дом на 31 мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…