Објавено на:

Рускиот патријарх Кирил “им избега” на санкциите од ЕУ

t

На инсистирање на Унгарија, поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, е отстранет од листата од последната рунда санкции на ЕУ поради руската инвазија на Украина, изјавија за АП четворица европски дипломати.

Шестиот пакет санкции, кој вклучува ембарго на најголемиот дел од увозот на руска нафта во 27-члениот блок до крајот на годината, беше одобрен од амбасадорите вчера по политичкиот договор постигнат од лидерите на ЕУ претходно оваа недела.

Дипломатите зборуваа под услов да останат анонимни, бидејќи идентитетот на новите санкционирани лица, допрва треба да се соопштат. Санкциите денеска ќе ги усвои Советот на ЕУ.

Патријархот на Руската православна црква Кирил, првично беше вклучен меѓу поединците кои блокот сакаше да ги санкционира и тој предлог требаше да биде едногласно одобрен. Беше отстранет од листата, на инсистирање на Унгарија, која се смета за најблизок сојузник на Москва во блокот.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се закани дека ќе го блокира целиот пакет санкции на самитот на лидерите доколку не добие гаранции дека неговата земја нема веднаш да биде погодена од ембаргото за нафта. Унгарија е повеќе зависна од руската енергија отколку повеќето земји од ЕУ.

Според унгарската влада, санкционирањето на Кирил би било несоодветно со оглед на почитувањето на верската слобода.

Кирил, поглаварот на една од најголемите и највлијателните цркви во источното православие, ја оправда руската инвазија од духовна гледна точка, опишувајќи ја како „метафизичка“ битка против Западот и неговите „геј паради“.

Во случај да има за него санкции, Кирил ќе се соочи со забрана за патување и замрзнување на имотот.

Кирил ги повтори неоснованите тврдења на Путин дека Украина била ангажирана во „истребување“ на руските лојалисти во Донбас, источниот регион на Украина, каде што сепаратистите поддржани од Русија се борат против украинските сили од 2014 година.

Според соопштението на Франција, која претседава со ЕУ, меѓу оние кои ќе бидат санкционирани во петок се и припадници на рускиот безбедносен и воен апарат, особено тие кои се поврзани со масакрите во киевското предградие Буча.

Досега беа санкционирани и индустриските и технолошките субјекти „поврзани со руската агресија“ и „олигарсите и актери на руската пропаганда и членовите на нивните семејства“.

Најголемата руска банка Сбербанк сега ќе биде исклучена од SWIFT, главниот глобален систем за финансиски трансфери. ЕУ претходно им забрани на неколку помали руски банки пристап до системот. Исто така, три руски медиуми се обвинети за пропаганда ќе бидат спречени да ја дистрибуираат нивната содржина во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина распиша потерница по рускиот патријарх Кирил

Министерството за внатрешни работи на Украина објави…

Патријархот на РПЦ Кирил „Злото“ ѝ се…

Не може да има „пасивен став“ кога…

Вселенскиот патријарх Вартоломеј упати честитка до новиот…

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски доби честитка од…

Заразен патријархот на СПЦ

Српскиот патријарх Порфириј е позитивен на коронавирус,…