Рускиот патријарх Кирил: „Русите што не ѝ служат на својата земја се внатрешни непријатели“
Поглаварот на Руската православна црква – патријархот Кирил смета дека „Русите кои не ѝ служат на татковината се внатрешни непријатели“, пренесе државната новинска агенција РИА.
Тој е близок соработник на претседателот Владимир Путин и силно ја поддржува војната во Украина, во која загинаа десетици илјади луѓе, а милиони беа принудени да ги напуштат своите домови.
„Денес се молиме за нашата татковина, Господ да ја заштити од надворешните и внатрешните непријатели, од сите оние што својот живот не го врзуваат за Русија, кои се спремни да заработуваат пари во Русија, но никогаш не биле спремни да ѝ служат на татковината“, рече Кирил во својата проповед.
„Мораме да им всадиме на луѓето, вклучително и преку црковното проповедање, љубов кон татковината, што е најголемата доблест“, рече патријархот во Архангелската црква во комплексот на Кремљ во центарот на Москва.
Војната во Украина ги продлабочи поделбите меѓу православните христијани низ светот. Доведе до тоа многу Украинци да завршат со Московската патријаршија, на чие чело е патријархот Кирил и да се свртат кон Киевската патријаршија, која е релативно нова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски потврди дека Украинците започнале офанзива на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат…
Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…
Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…
Русија прогласи вонредна состојба во Курск
Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…
Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…
Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…