Објавено на:

Рускиот патријарх Кирил: Секоја желба да се уништи Русија ќе значи крај на светот

t

Рускиот патријарх Кирил изјави дека желбата на западните земји да ја победат Русија денес добива многу опасни форми, но секој обид да се реализира таа желба ќе значи крај на светот.

„Денес се појавуваат големи закани за светот, за нашата земја и за целото човештво. Желбата да се победи Русија денес доби многу опасна форма. Го молиме Господ да расудува со вжештените глави и да им помогне да сфатат дека секоја желба да се уништи Русија ќе значи крај на светот“, рече патријархот по Богојавленската литургија.

Тој додаде дека Русија поседува моќно оружје и дека таму живеат многу силни луѓе кои секогаш биле мотивирани да победат.

Според неговите зборови, денес некои жестоки глави имаат идеја дека Русија може да биде поразена или преформатирана во сегашните околности, односно дека може да и се наметнат некои „нови вредности што не може ни така да се наречат“.

„Сега е тешко време, но ние веруваме дека Господ нема да ја напушти руската земја, дека Русија ќе има сила, доколку е потребно, да се заштити себеси и својот народ. Не дај Боже да има некое расчистување на ситуацијата. Господ да ги помири сите, да ги смири и да им помогне на сите да работат на правење на светот подобар“, заклучи патријархот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…