Рускиот Патријарх повика на единство: Да се сее раздор во земјата за време на војна е најголемо злосторство!
Патријархот Московски и на цела Русија Кирил рече дека обидите да се сее раздор во земјата за време на непријателствата е најголемото злосторство кое нема оправдување.
-„Денес, кога нашите браќа се борат и гинат на фронтовите, несебично исполнувајќи ја својата должност, кога непријателите вложуваат максимални напори да ја уништат Русија, секој обид за сеење раздор во земјата е најголемото злосторство кое нема оправдување“, се вели во обраќањето на патријархот.
Патријархот Кирил ги повика оние кои се подготвени да насочат оружје против своите браќа да размислат повторно. Поглаварот на Руската православна црква повика да се одржи единството, ги поддржа напорите на шефот на државата да спречи превирања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Путин: Русија се залага за рамномерен развој…
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…