Рускиот суд го казни „Гугл“ со незамислив износ
Рускиот суд го казни „Гугл“ со незамислив износ: двојка зад која следат 36 нули поради ограничувањето на каналите на руските државни медиуми на Јутјуб. Преведено во долари, американскиот технолошки гигант треба да ѝ плати на Русија 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 долари.
Иако е една од највредните компании на светот, ова е значително повеќе од два трилиона долари, на колку што е проценета. Поточно, ова е повеќе од севкупниот бруто домашен производ на светот, што Меѓународниот монетарен фонд го проценува на 110 трилиони долари.
Сумата достигна такво неверојатно ниво зашто, како што објави државната новинска агенција ТАСС, се удвојува за секој ден што нема да се плати.
„Јас не можам ни да ја изговорам таа бројка, но менаџментот на Гугл нека обрне внимание“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
Казната за Гугл се однесува на ограничувањето на содржините на 17 руски медиумски канали на Јутјуб. Ова почна уште во 2020, но ескалираше со почетокот на руската инвазија на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Со недела работен ден Мицкоски го…
Верниот слуга на Стопанската комора и домашната…
Почина Јагнула Куновска
На 81-годишна возраст почина Јагнула Куновска, една…
Тошковски откри детали за денешната акција на…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…
Вучевиќ: Обвинителството е при крај со истрагата…
Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека…
АХВ казни 23 угостители
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници,…