Рускиот суд нареди апсење на новинарката Овсјаникова, ѝ се заканува 10 години затвор
Руски суд нареди апсење на поранешната новинарка на руската државна телевизија Марина Овсјаникова, јавија дел од руските медиуми.
Овсјаникова е позната во јавноста по тоа што во март, откако започна војната во Украина, „влета“ во програма во живо на телевизија со натпис „Не за војна“.
Кон средината на јули во близина на Кремљ, таа одржа протест, каде носеше транспарент „Путин е убиец. Неговите војници се фашисти“. По потегот, Овсјеникова беше во куќен притвор.
Таа е обвинета за ширење лажни информации за руските вооружени сили и може да биде осудена на затворска казна од 10 години.
Нејзиниот адвокат Дмитриј Захватов неделава изјави дека таа со ќерката побегнала од Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…