Рускиот суд нема трпение за лаги: Викимедија доби санкција од 88.000 долари за „ширење дезинформации за војната“
Московски суд ја казни Викимедија со пет милиони рубљи (88.000 американски долари) затоа што одби да го отстрани од написите на руски јазик тоа што во земјата се смета за дезинформација.
Меѓу содржините што се барало да бидат отстранети се „руската инвазија врз Украина”, „воените злосторства за време на руската инвазија врз Украина” и „масакрот во Буча”.
-Оваа одлука имплицира дека оригиналните, проверени информации на Викимедија, што не се во согласност со ставот на руската влада се дезинформации, рече Стивен ЛаПорте, помошник главен советник во Фондацијата Викимедија, наведува „Скај њуз”.
Викимедија остана еден од ретките главни извори на информации на руски јазик за Русите што останаа по затворањето на многу медиуми во Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…