Рускиот тенисер Рубљев: Ќе ми биде чест Ѓоковиќ да ми биде тренер
Рускиот тенисер Андреј Рубљев денеска по победата над Перуанецот Хуан Пабло Вариљас за веб-страницата на Србија опен изјави дека ќе му биде чест еден ден да го има Новак Ѓоковиќ за тренер.
“Немам доволно пари да му платам на Новак. Но, би ми било чест да го имам за тренер. Би било нереално ако тој сподели половина од своето искуство со мене”, објасни Рублиов.
Победникот на Мастерсот во Монте Карло изјави дека му е многу благодарен на директорот на турнирот Ѓорѓе Ѓоковиќ.
„Благодарение на братот на Ѓоковиќ, Ѓорѓе, многу ми помогна да дојдам од Ница во Бања Лука. Не го очекував тоа и му благодарам за тоа. Во понеделник одморив, во вторник тренирав малку, во среда малку повеќе, а денес играв доста добро. Не очекував да победам вака лесно. Хуан за малку ќе го победи Зверев на Австралија опен оваа година, тој е опасен и може да игра многу добро. Не очекував дека се ќе ми излезе денес “, изјави Русинот, пренесе Танјуг.
Со насмевка на лицето рече дека ги пробал познатите бањалучки ќебапи.
Во еден локален ресторан веднаш пробав ќебапи и многу ми се допаѓаат“, изјави видно расположениот Рубљев, кој утре во четвртфиналето ќе игра против Дамир Џумхур.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…
ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…
Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…
СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…
Денес православните христијани се сеќаваат на Светиот…
Син на Јона и брат на Петар,…