Објавено на:

Руските банки загубиле речиси 25 милијарди долари за шест месеци

t

Руските банки загубија вкупно 1,5 трилиони рубљи (24,95 милијарди долари) во првите шест месеци од 2022 година, изјави денеска висок функционер на руската централна банка во интервју.

Ова е првпат ова регулаторно тело да го објави билансот на банкарскиот сектор откако Русија ја започна својата инвазија врз Украина во февруари.

Околу две третини од загубите на банките се однесуваат на девизното работење, изјави Дмитриј Тулин, првиот заменик-гувернер на руската централна банка.

Тулин рече дека има повеќе од 50% шанси загубите за целата година да не ја надминат бројката од 1,5 трилиони рубљи од првата половина на годината, пренесува Ројтерс.

Загубите беа концентрирани кај најголемите банки.

Банките со загуба забележаа вкупна загуба од 1,9 трилиони рубљи (31,6 милијарди долари), во споредба со профитабилните кредитори кои заработија вкупно 400 милијарди рубљи (6,65 милијарди долари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…