Руските воoружени сили онeспособија над 80 воени цели во Украина
Русија соопшти дека нејзината војска ги постигнала целите поставени за првиот ден од инвазијата врз Украина, откако го започна нападот и покрај предупредувањата за опсежни западни санкции.
Сите задачи што им беа доделени на вооружените сили на Руската Федерација за овој ден беа успешно завршени, рече портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков.
Од почетокот на специјалната операција, руските вооружени сили онеспособија 83 украински копнени воени инфраструктурни објекти, уништија четири авиони и едно беспилотно летало, соопшти генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува ТАСС.
Вкупно, како резултат на ударите на руските вооружени сили, онеспособени се 83 копнени објекти на воената инфраструктура на Украина. Од почетокот на специјалната воена операција, беа соборени два Су-27, два Су-24, еден хеликоптер и четири јуришни беспилотни летала Bayraktar TB-2 на Вооружените сили на Украина, рече тој.
FacebookTwitterCopy Link
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…