Објавено на:

Руските средношколци ќе имаат задолжителна обука за ракување со борбени дронови

t

Сите руски средношколци ќе ги учат основите за ракување со борбено беспилотно летало, соопшти денеска британското Министерство за одбрана во најновиот разузнавачки извештај, пренесе blic.rs.

„Рускиот сенатор (Амурски регион) Артем Шејкин објави дека во лекциите ќе има насоки како да се спроведе теренско набљудување и начини за спротивставување на непријателските беспилотни летала“, соопшти Министерството.

Лекциите поврзани со беспилотни летала комбинираат обука со пушки, рачни гранати и борбена прва помош во ревидираната наставна програма „Основи на безбедноста на животот“.  за учениците од 10-то и 11-то одделение што ќе стапи во сила од 1 септември“, се вели во извештајот објавен на „Твитер“.

„Одлуката на Русија за воведување воена обука за деца во голема мера е обид да се негува култура на милитаризиран патриотизам наместо да се развиваат вистинските способности. „Сепак, додавањето на обука со беспилотни летала покажува како Русија ја идентификуваше употребата на тактичките дронови во Украина како постојана компонента на модерното војување“, се додава во извештајот од 24 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…