Руски автомобил бомба ја разнел браната?

Со запирањето на украинската офанзива се поврзува и неодамнешното уривање на браната на Днепар кај Нова Каховка. Додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат дека ја урнале браната, предизвикувајќи големи поплави во кои загинаа десетици луѓе, извори на агенцијата „Асошиетед прес“ прикажале документи што сведочат дека Русија „имала средства, мотив и можност“ да ја урне браната додека беше на окупирана територија. Приложена била и фотографија направена на 28 мај од дрон, на која се гледа автомобил со експлозив паркиран токму на местото на кое беше разнесен дел од браната, додека во хидроенергетскиот центар се наоѓале руски трупи. Браната беше урната на 6 јуни.
Уривањето на браната предизвика огромни штети во населби и на земјоделска површина, но воедно ги поплавило и украинските воени позиции, а линијата на фронтот ја проширило со уште неколку километри кал, преку кој не може да поминат тенковите и оклопните транспортери што Киев ги доби како воена поддршка од западните сојузници.
– Редовна практика е да се минираат позициите пред повлекување. Нивните акции беа насочени да се нарушат нашите синџири за доставување и да се направи многу посложено преминувањето на Днепар – изјавил за „Асошиетед прес“ украинскиот командир Илја Зелински.
Дури и рускиот претседател Владимир Зеленски ја призна ползата од уривањето на браната, притоа упорно отфрлајќи ја одговорноста.
– Ова можеби звучи чудно, но сепак. За жал, ова ја наруши нивната контраофанзива во тој регион. Ќе беше подобро ако нѐ нападнеа таму, подобро за нас, бидејќи за нив ќе беше многу лошо ако нѐ нападнат таму – изјавил Путин пред средба со воени репортери.
И британски експерти, во меѓувреме, оценија дека украинските сили немаат толку моќен проектил за да ја разурнат браната, а тешко можеле да пробијат возило полно со експлозив зад минските полиња и руските сили на фронтот. Експертите проценуваат дека за експлозијата, која ја регистрирале и сеизмографи како потрес од 2,0 Рихтери, биле потребни неколку тони експлозив, а најмоќните бојни глави на украинските проектили содржат околу половина тон. За споредба, експлозијата на 500 тони експлозив во пристаништето во Бејрут во 2020 година предизвика потрес од 3,3 Рихтери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девизните резерви на Русија срушија нов историски…
Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…
Макрон: Не е време за укинување на…
Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…