Руски амбасадор: Што прави американскиот воен дрон илјадници километри подалеку од САД?
Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, во интервју за руската агенција ТАСС, го коментираше вчерашниот инцидент над Црното Море и го спореди со хипотетичка ситуација во која Русија ќе испрати свои воени беспилотни летала долж брегот на САД.
„Загрижени сме поради неприфатливата активност на американската војска во непосредна близина на нашите граници. Добро ни е позната целта за која се користат вакви извидувачки и ударни беспилотни летала“, рече Антонов.
„Што прават тие илјадници километри од САД? Одговорот е очигледен – тие собираат разузнавачки податоци, кои на крајот ги користи режимот во Киев за да ги нападне нашите вооружени сили и нашата територија“, тврди амбасадорот на земјата што започна инвазија на Украина.
„Да си поставиме едно реторичко прашање: ако, на пример, во близина на Њујорк или Сан Франциско се појави руски воен дрон, каква би била реакцијата на американското воено воздухопловство и морнарица? Сигурен сум дека акцијата на американската војска би била бескомпромисна, а потоа додаде: „Претпоставуваме дека САД ќе се воздржат од дополнителни шпекулации во медиумскиот простор и ќе престанат да летаат блиску до границите на Русија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…