РУСКИ БОМБАРДЕРИ РАСПОРЕДЕНИ ВО БЛИЗИНА НА ФИНСКА: Израелски разузнавачи снимиле „нередовно присуство“ на стратешки авиони
Бомбардерите, способни да носат крстосувачки ракети и стратешко нуклеарно оружје, се активни во украинската војна по инвазијата на Москва во февруари, пишува „Ерусалим пост“.
Израелска разузнавачка фирма ИСИ (Имиџ сателајт интернешнал) открила „нередовно присуство“ на руски стратешки бомбардери од типот „Тупољев“, ТУ-160 и ТУ-95 распоредени во воздухопловната база Олења во близина на Финска, пишува „Ерусалим пост“.
Според сателитски снимки направени од фирмата, четири бомбардери ТУ-160 биле забележани на 21 август и три ТУ-95 на 25 септември. На 12 август, во базата немало стратешки бомбардери.
– Преку тековните модели, системот укажува дека воздушната база Енгелс е можната појдовна точка на стратешките бомбардери откриени во воздухопловната база Олења – се вели во извештајот.
Во воздухопловната база Енгелс се сместени единствените руски стратешки бомбардери стационирани во близина на Украина, а таа е и домашна база за 121. авијациски полк за тешки бомбардери (121 TBAP) што лета со ТУ-160 и ТУ-95.
Бомбардерите, способни да носат крстосувачки ракети и стратешко нуклеарно оружје, се активни во украинската војна по инвазијата на Москва во февруари, пишува весникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…