Руски воен авион се урна во Тихиот Океан
Руски воен авион МиГ-31 денеска се урна во Тихиот Океан. Несреќата се случила за време на тренажен лет.
Сè уште не е позната судбината на двајцата членови на екипажот.
Руската армија соопшти дека авионот, кој се урна во заливот Авача, на југоисточниот брег на полуостровот Камчатка, не носел оружје.
МиГ-31 е ловец со два мотори, со две седишта, дизајниран да пресретнува непријателски авиони и крстосувачки ракети. Советските и руските воздушни сили го користат од 80-тите години од минатиот век.
Еден „МиГ-31“ се урна во април во близина на Мурманск на Арктикот, чиј екипаж преживеа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА, повеќемина се повредени при…
Едно лице загина, а други се повредени…
Нов инцидент со „Боинг“ – Авионот итно…
Од авионот на „Делта ерлајнс“ се „одвои“…
Турција се подготвува за првиот лет на…
Анкара – Турција се подготвува да ја заврши…
Како на филм: Украински пилот пребегна во…
Пилотот веќе се наоѓа на руска територија…
ПАНИКА ВО АВИОНОТ НА ВИЗЕР ОД БЕЛГРАД…
Патниците од Белград кои полетаа од аеродромот…