Објавено на:

Руски ракетен напад врз Одеса, осум загинати

t

Најмалку осум лица загинаа денеска во руски ракетен напад врз пристаништето Одеса, во јужна Украина, соопштија регионалните власти.

„Според првите информации, во рускиот напад загинале осум лица, 18 се ранети, а меѓу ранетите има дете“, објави на Телеграм регионалниот гувернер Олег Кипер.

Тој рече дека уште четири лица се во тешка состојба.

Градоначалникот на Одеса Генадиј Труханов изјави дека непријателот истрелал ракета кон станбена и комерцијална зона. Тој потврди дека загинале осум лица.

Според први снимки од очевидци, пренесени на социјалните мрежи, се гледаат тела, запалени возила и зграда зафатена со прашина и чад.

Русија во последните денови ги интензивираше нападите врз Украина. Во текот на викендот го зголеми бројот на ракетни и беспилотни напади врз украинските градови и нивната енергетска инфраструктура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски ракетен напад врз Одеса, осум загинати

Најмалку осум лица загинаа денеска во руски…

Одлуката на германскиот канцелар за (не)испорака на…

Германија останува на својата одлука да не…

Макрон: Верувам дека е јасно оти Путин…

Рускиот претседател Владимир Путин „не сака мир“…

Обвинителство бара притвор за 15-годишник кој во…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Ахмети бара од Курти да разговара со…

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али…