Објавено на:

Руски спортист ја промени националноста: Јас сум против војна и мислите ми се со Украина

t

Велосипедистот на Инеос, Павел Сиваков, кариерата ќе ја продолжи под француско знаме, соопшти денеска неговиот тим.

„Веќе некое време сакав да станам Французин и се пријавив во Меѓународната велосипедска унија (УЦИ), но со оглед на она што моментално се случува во Украина, сакав да ги забрзам работите, изјави Сиваков, кој досега настапуваше за Русија, пренесе СпортКлуб.

УЦИ во средата прифати промена на националноста на 24-годишниот велосипедист.

Минатата недела Сиваков изјави дека е против руската воена интервенција во Украина

„Како што реков претходно, јас сум целосно против оваа војна и моите мисли се со народот на Украина. Како и повеќето луѓе ширум светот во моментов, се надевам на мир и крај на страдањата во Украина“, додаде тој.

Победникот на трката низ Полска во 2019 година, истакна дека негов сон е да се натпреварува за Франција на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил удри во велосипедист кај Соборниот храм

Утрово се случила сообраќајна незгода на раскрсницата…

Велисипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Вчера околу 14.45 часот во СВР Охрид…

Прегазен велосипедист во Скопје

Вчера наутро повозрасен велосипедист бил прегазен на…

Тешко повреден велосипедист во Гостивар

Вчера, во 15.50 часот, во СВР Тетово…