Русковска за НОВА ТВ: Граѓаните се плашат да пријават корупција, немаме вратено многу пари во буџетот – Учествував во Шарената револуција заради амнестијата потпишана од Иванов
Во интервју за Нова тв, главната обвинителка за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, истакна дека е делумно задоволна од нејзината и работата на целото Обвинителство но секогаш може подобро. Обвинителката истакна дека капацитетите на Обвинителството се ограничени.
Исто така Русковска кажа дека засега не размислувала да ја заземе позицијата на Љубомир Јовески како државен јавен обвинител.
“-Апсолутно не се доволни. Не сме ни пополнети по систематизација, а јавноста треба да знае дека до скоро бевме само десет обвинители, сега сме 14 и тоа ја подобри ситуацијата. Но, тоа што ние не сме целосно екипирани според систематизација не е ничија вина затоа што на ниво на цела држава има недостаток од 60 обвинители. Сега со измените на Законот за работни односи каде што е задолжително пензионирањето со 64 години, 20 до 30 обвинители ќе одат во пензија. Новата генерација на Академија завршува во декември, така што ќе има голем проблем, минимум седум до осум месеци ќе имаме мало пополнување на испразнетите места со оглед на тоа што повеќето што завршуваат Академија сакаат да бидат судии, додека помал број сакаат да бидат обвинители..” – објасни Русковска.
Во врска со враќањето пари во буџетот и можностите обвинителите да постапат доколку се сомневаат дека некој се збогатил незакнски Русковска истакна дека немаат вратено многу пари, но очекува во иднина да се зголеми таа бројка.
“-Реално немаме вратено многу пари во буџетот, не знам точно колку, но малку се. Во блиска иднина очекувам многу повеќе средства да се вратат во буџетот.
-Точно е. Имаме доста потешкотии во откривање на имотот, затоа што никогаш не се води на едно правно лице и на реалните сопственици. Тоа е разделено на повеќе лица. Едно лице го има, па друго има удели. Па се отвораат офшор компании како фирми ќерки. Имаме голем проблем во откривањето на вистинските сопственици. Знаеме кој имот е чиј, точно мала држава сме, но ние како обвинителство пред судот треба да настапиме со докази.”
Исто така Русковска истакна дека не се плаши од закани: -Не се плашам. Имам одамна кажано дека нашата професија носи ризик и кој не е спремен да го прифати тој ризик не може да биде обвинител.
Исто така Рускобвска објасни зошто била дел од Шарената револуција:
-Сега ќе ви кажам. Доаѓам дома од работа а тој ден склучив предлог спогодба како обвинител за обвинет да лежи девет месеци затвор затоа што чувал четворица мигранти на таван. Среќа што меѓу мигрантите немаше некој малолетен инаку ќе мораше да лежи четири години затвор. И доаѓам тој ден дома и слушам дека Иванов потпишал амнестија. И како обвинител и како човек ми дојде лошо. Си викам овој ќе лежи девет месеци за мигрантите на таван, а овие со прислушувања и корупции ќе бидат слободни. Да ја немав склучено тој ден таа предлог спогодба можеби немаше да излезам. Јас после тоа како обвинител сама немаше да можам да се погледам во огледало.
Целото интервју може да го прочитате на следниот ЛИНК .
Извор: Нова тв
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Русковска и нуделе функција да прекине…
Истите личности кои ми нудеа да бидам…
Каде е Директорот на финансова полиција?
Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно…