Русковска за предметот на Мухамед Зекири: Хрватите не се достапни за сослушување, доколку собереме доволно докази предметот ќе го предадеме на колегите од Хрватска

t

Мухамед Зекири е третиот последователен генерален секретар на владата кој завршува во притвор. За Русковска е чудно како можел генералниот секретар на владата, и покрај јасните одредби во Законот за јавни набавки, да не распише меѓународен тендер за толку голема набавка. Обвинителката беше запрашана дали постои можност Зекири да добил налог од некого токму на тој начин да ја направи набавката, Русковска вели дека тој до сега не рекол такво нешто.

СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СЕКОЈА ЈАВНА НАБАВКА НАД 400.000 ЕВРА, МОРА ДА ИМА И МЕЃУНАРОДЕН ТЕНДЕР, НЕ САМО ДОМАШЕН ТУКУ И МЕЃУНАРОДЕН. ТУКА НЕМАЛО НИТУ ДОМАШЕН, А ПА ЗА МЕЃУАНРОДЕН ВЕЌЕ НЕМА ЗБОР. ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ПРЕДВИДУВА МОЖНОСТ И ЗА ГОЛЕМИ ИЗНОСИ ДА МОЖЕ И БЕЗ ЈАВНА НАБАВКА, НО ТОА Е ВО ИСКЛУЧИТЕЛНИ И ИТНИ СИТУАЦИИ, НО И ТОГАШ МОРА ДА СЕ ПОБАРА ОДОБРЕНИЕ ОД БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, А НИТУ ТОА Е ПОБАРАНО ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ, РЕЧЕ РУСКОВСКА.

Што се однесува до двајцата хрватски државјани, вработените во хрватската консултантска куќа, кои заедно со Зекири се осомничени за проневерата, Русковска вели дека истрагата сѐ уште трае, и доколку обвинителството собере доволно докази предметот за нив ќе им го предаде на хрватските власти.

НЕ СЕ ДОСТАПНИ И НЕ СЕ СОСЛУШАНИ. БИДЕЈЌИ СЀ УШТЕ ТРАЕ ИСТРАГАТА, КОГА ЌЕ СМЕТАМЕ ДЕКА ИМА СОБРАНО ДОВОЛНО ДОКАЗИ ЗА ИНВОЛВИРАНОСТА И НА ОВИЕ ДВЕ ЛИЦА. ДОКАЗИТЕ ЌЕ ИМ ГИ ДОСТАВИМЕ НА КОЛЕГИТЕ ОД ХРВТСКА, ДОКОЛКУ ТИЕ ПО РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ДОКАЗИТЕ СМЕТААТ ДЕКА ИМА ДОВОЛНО ОСНОВИ ЗА ПОКРЕНУВАЊЕ ПОСТАПКА, НИЕ ОФИЦИЈАЛНО ВО ТОЈ ДЕЛ ЌЕ ИМ ГО ПРЕДАДЕМЕ ПРЕДМЕТОТ ЗА ДА ЈА ВОДАТ ПОСТАПКАТА ВО ХРВАТСКА. ДОКОЛКУ КОЛЕГИТЕ НЕ ГО ПРИФАТАТ НАШЕТО БАРАЊЕ ЗА ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ПОСТАПКАТА НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ИМА МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА, РЕЧЕ РУСКОВСКА.

Извор: Телма ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Русковска и нуделе функција да прекине…

Истите личности кои ми нудеа да бидам…

Каде е Директорот на финансова полиција?

Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно…