Русковска и уште две обвинителки деновиве ќе бидат сослушани во Обвинителството

t

Наредниве денови шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска ќе бидат сослушани во скопското јавно обвинителство.

Против трите обвинителки претходно беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба.

Кривичната пријава ја поднесе поранешниот директор на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, за нивниот претрес во канцелариите на Управата.

Од скопското обвинителство брифираат дека Муареми како пријавител бил сослушан изминатиов период, а обвинителките ќе бидат сослушани во следните неколку денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Русковска и нуделе функција да прекине…

Истите личности кои ми нудеа да бидам…

Каде е Директорот на финансова полиција?

Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно…