Русковска: Не сум изненадена од одлуката на Советот за јавни обвинители
Oбвинителката Вилма Русковска не е изненадена од одлуката на Советот за јавни обвинители кој ја потврди одлуката која што ја донесе ОЈО.
Таа убедува дека не влијаела на ниту еден предмет и дека тоа може да прашаат било кој обвинител
За тоа како ќе заврши кривичната постапка која се води против неа,Русковска рече:
-Тоа не можам да знам. Не сакам да коментирам, си постапува обвинител, негова ќе си биде одлуката, вели Русковска за „А1.он“.
Со ова обвинителката Русковска останува суспендирана од својата функција.
Седницата на Советот на ЈО, за време на дискусијата по жалбата на јавниот обвинител на ОЈО ГОКК Вилма Русковска, беше затворена за јавноста, за како што појасни претседателот на Советот Јолевски, заштита на интегритетот на сите јавните обвинители и предметите, кои се дел од списите.
Советот на ЈО работи со осум од 11 члена, бидејќи двајца се пензионирани и се уште нема избрано нови, а обвинителот Љубомир Јовески не присуствуваше поради конфликт на интереси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Русковска и нуделе функција да прекине…
Истите личности кои ми нудеа да бидам…
Каде е Директорот на финансова полиција?
Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно…