Русковска објасни: Камчев земал кредит за да ја плати сумата од спогодбата за “Империја”

t

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вечерва откри дека со спогодбата за случајот „Империја“, бизнисменот Орце Камчев се согласил да ѝ исплати над пет милиони евра на државата.

-Преку одбраната, Камчев поднесе иницијатива. Со ова се надомести штетата кон државата и парите околу 5,1 милион евра се уплатени на сметката на Управната за јавни приходи. Тоа значи одмрзнување на имотот на Камчев, затоа што замрзнувањето беше со цел доколку не дојдеше до спогодба, државата да може да си ги наплати своите побарувања, објасни Русковска во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Според неа, Обвинителството дознало дека Камчев подигнал кредит од банка за спогодбата.

-По вештачењето кое беше изготвено од вештите лица на Економскиот факултет, се дојде до таа сума. Ние побаравме од УЈП да се произнесе дали има побарување. Они рекоа дека два милиони евра веќе се наплатени и треба уште, по што се дојде до сумата што ја уплати Камчев, кажа Русковска.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Русковска и нуделе функција да прекине…

Истите личности кои ми нудеа да бидам…

Каде е Директорот на финансова полиција?

Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно…

Хаос во судница на судењето на „Плацеви…

Веројатно ако прашате било кој адвокат кој…

Врховниот суд со два заклучоци им ги…

Врховниот суд уште на 7.12.2021 година донел…