Русковска удри по Рашковски: Ќе го гони за лично богатење

t

Семантички ми е јасно обвинението, но како правен акт не. Апсолутно не се чувствувам виновен, рече Драги Рашковски пред судот во воведните зборови на првото рочиште против него.

Иако на обвинителката која го води овој случај, Ивана Трајчева и истече мандатот, а избор на обвинители нема, во судница се појави шефицата на обвинителството за гонеење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска која ги кажа воведните зборови на обвинителството и објасни за што го гони поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски и уште шестмина обвинети.

-Ќе докажеме дека ја злоупотребил положбата за свои лични материјални цели. Софтверот за препознавање на брзина на возила и изрекување на казни не се користи и по две години од набавувањето со оглед на зсконската регулатива како пречка, факт кој го знаел Драги Рашковски.

Ќе докажеме дека овој софтвер не се употребува на само заради начинот на набавката туку и дека е нефункционален. Оваа постапка придонесе граѓаните да дознаат дека се потрошени 4.000.000 милиони денари за нешто што не е функционално и ставено во употреба. Опремата, ова скапо и непотребно задоволство не чини вкупно 6.000.000 денари кабини и камери за софтвер за кој уште немало обезбедено софтвер, а ниту една институција не и се потребни.

Ќе докажеме дека целта е нивното лукаративно однесување на сите обвинети. Рашковски сакал материјално да го материјализира својот личен патент преку оваа постапка, но без да има потреба или соодветна постапка, изјави Русковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во Европарламентот – Јовева се скара…

Своевиден скандал за нас во Европскиот парламент,…

Скопските пожарникари интервенираат на пожарот во Визбегово

Голем пожар утринава има во Визбегово. Според…

(Видео) Скопје завиено во чад: Гори депонијата…

Дебел црн чад се шири кон Скопје…

Откриена тајна снимка: Трамп му се заканил…

На површина исплива шокантна аудио-снимка од приватен…

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде…

Сега откако цела Македонија виде ДЕКА ТИ…