Русковска ќе се врати во скопското Обвинителство, а Бубевски ќе ѝ биде шеф?

t

На следната седница на Советот на јавните обвинители, закажана за во понеделник, ќе се „решава“ и судбината на обвинителката Вилма Русковска. Поточно, каде ќе биде нејзиното работно место, бидејќи и заврши мандатот во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а од друга страна истата е суспендирана.

Како што дознава „Фокус“, обвинителката најверојатно ќе се врати на местото кое ѝ било во мирување, односно во скопското обвинителство, каде што пак шеф е обвинителот Гаврил Бубевски. Сепак, суспензијата на Русковска ќе и продолжи и во ова обвинителство, бидејќи таа и важи општо за обвинителската функција. Сепак со самиот трансфер од организиран во основно, таа ќе добива пониска плата, која и следува и додека е спречена да оди на работа.

Дополнително, ќе се распише и нов оглас за избор на четири јавни обвинители во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Претходниот избор пропадна, бидејќи не беше избран ниту еден од пријавените шестмина кандидати.

Претходно Инфомакс пишуваше за рекет шема на Арафат Муареми и Артан Ајро, слична на аферата “Рекет”, но надградена и проширена, за што повеќе може да прочитате на следниот ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Русковска и нуделе функција да прекине…

Истите личности кои ми нудеа да бидам…

Каде е Директорот на финансова полиција?

Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно…