Русковска ќе се жали пред Советот на јавни обвинители
Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која беше суспендирана од функцијата, ќе се жали пред Советот на обвинители откако републичкиот обвинител Љубомир Јовески донесе решение со кое времено ја отстрани од функцијата, објави Тв 24.
Ваквата одлука на Јовески доаѓа откако претходно тој напиша извештај во кој се констатирани неправилности при претресот што Русковска заедно со обвинителките го извршија во Управата за финансиска полиција во јули годинава под сомнение дека директорот на управата, Арафат Муареми криел предмети во фиока.
Според Законот, со одлуката на Јовески е определено кој обвинител ќе ги преземе предметите на Русковска, а до избор на нов шеф на ОЈО ГОКК со ова Обвинителство ќе раководи обвинителот кој Русковска го определила како заменик со годишниот распоред за работа на обвинителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани…
Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Нуршен…
Утре ќе се избираат 47 обвинители во…
На дневниот ред на 20. седница на…
Судиите и обвинителите ќе може да работат…
Собранието денеска усвои повеќе предлози на закони…
Објавен оглас за избор на 47 јавни…
Советот на јавни обвинители објави оглас за…
Советот на Општина Кочани едногласно одлучи да…
Советот на Општина Кочани на денешната редовна…