Руското министерство за одбрана обвинува: Украинските националисти не дозволуваат евакуација на цивили

Руските вооружени сили презедоа контрола над неколку населени места во Доњецката Народна Република, но националистите се уште не дозволуваат евакуација на цивили од различни градови во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.
Руските вооружени сили заедно со единиците на Доњецката Народна Република презедоа контрола над неколку населени места: Благовешченск, Синај Гора, Петровско, Шевченковско, Сладка Балка, Иљченково, Очереватују и Новопрокоповка, изјави официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана. Генерал-мајор Игор Конашенков.
Дополнително, шефот на Националниот центар за управување со одбраната на Русија, генерал полковник Михаил Мизинцев, изјави дека Министерството за одбрана се обратило до Министерството за надворешни работи на Русија да влијае врз владата во Киев да престане со незаконските дејствија против цивили и странци и да обезбеди хуманитарни коридори.
Мизинцев додаде дека украинските националисти се воздржуваат и не дозволуваат евакуација на цивили и неколку илјади странци во различни украински градови. Од Харков е спречена евакуација на 3.189 граѓани од Индија, околу 2.700 од Виетнам и 202 граѓани на Кина. Додека од градот Сума спречена е евакуација на 576 државјани на Индија, 101 државјанин на Гана и 121 кинески државјанин, а од Чернигов 9 државјани на Индонезија. Националистите уапсија и 60 цивили во Мариупол, кои се упатија кон хуманитарниот коридор.
Русија евакуираше повеќе од 142.000 луѓе од зоната на специјални воени операции, од кои речиси 40.000 се деца, како и 588 странци од Франција, Италија, САД и други земји.
Дополнително, државната граница на Русија ја минале 15.246 автомобили, од кои за еден ден 738.
Русија ги создаде сите услови за безбедна евакуација на цивилите и е подготвена да организира хуманитарен коридор во секое време, заклучува руското Министерство за одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девизните резерви на Русија срушија нов историски…
Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…
Макрон: Не е време за укинување на…
Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…