Руското министерство за одбрана потврди дека РУСИЈА Е НАПАДНАТА СО АТАКМС!
Руското министерство за одбрана пред малку потврди дека Русија е нападната со американскиот систем АТАКМС за кое рускиот претседател, Владимир Путин посочи дека доколку биде искористено ќе биде основ за директрен конфликт помеѓу НАТО и Русија
Украинската армија употреби американски оперативно-тактички ракети „Атакамс“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Претходно Инфомакс објави дека украинските сили го одбележаа 1.000 ден од војната во Украина, извршувајќи го првиот напад на руска територија со помош на американски ракети со долг дострел АТАКМС, соопштија утрово украинските воени претставници.
Како што јавуваат медиумите прва цел на украинските сили било складиште за муниција во Карачев, во руската област Брјанск која е околу 124 километри одалечена од најблиската украинска граница.
Очевидци и руски воени блогери објавија дека складиштето било погодено со проектили, а украинските воени претставници подоцна потврдиле за „РБЦ Украина“ дека нападот бил извршен со помош на ракети АТАКМС.
Претходно, американскиот претседател во заминување Џо Бајден и даде зелено светло на Украина да користи западно оружје на руска територија.
Утринава рускиот претседател Владимир Путин потпиша ажурирана верзија на нуклеарната доктрина на земјата.
Основниот принцип на доктрината е дека употребата на нуклеарно оружје е последната мерка за заштита на суверенитетот на земјата. Наведени се предусловите за употреба на нуклеарно оружје. Поточно, изменетата доктрина го проширува опсегот на земји и воени сојузи кои се предмет на нуклеарно одвраќање, како и списокот на воени закани на кои треба да се спротивстави.
Дополнително, во документот се наведува дека Русија сега како заеднички напад ќе го смета секој напад од ненуклеарна земја, поддржана од нуклеарна сила. Москва, исто така, го задржува правото да размисли за нуклеарен одговор на напад со конвенционално оружје што го загрозува нејзиниот суверенитет.
Претходната верзија на руската нуклеарна доктрина беше одобрена во јуни 2020 година и замени сличен документ што беше во сила десет години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руското министерство за одбрана потврди дека РУСИЈА…
Руското министерство за одбрана пред малку потврди…
УНИЦЕФ: Во Либан се убиени над 200…
Повеќе од 200 деца се убиени, а…
,,Речиси го видов светлото на крајот на…
Пишува Милорад Миленковски на социјалните мрежи: Можно…
Макрон рече дека САД донеле „добра одлука“…
Францускиот претседател Емануел Макрон го пофали својот…
Мицкоски: Вработените во здравството добиваат покачување на…
Постигнат е историски договор, вработените во здравството…