Објавено на:

Руско МНР: Секое снабдување со оружје за Украина е антируски чин

t

Русија смета дека секое снабдување со оружје за Украина е отворен непријателски антируски чин, нагласи портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова како одговор на изјавата на корејскиот претседател Јун Сук-Јол за можното обезбедување воена помош за Украина.

„Русија спроведува одбранбени воени акции против колективниот Запад, кој го избра марионетскиот режим во Киев како оружје на својата хибридна марионетска војна против нас. Во оваа ситуација, се гледа секоја испорака на оружје за Украина – без разлика од каде доаѓа – како отворен непријателски антируски чин“.

Според неа, таквите чекори би имале исклучително негативно влијание врз билатералните односи со земјите што ги преземаат, а би биле земени предвид при формирањето на руските позиции за прашања кои ги засегаат главните безбедносни интереси на соодветните земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…