Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа

„Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, пред европратениците од Комитетот за надворешни работи и за безбедност и одбрана во Европскиот парламент во Брисел, објавија светските медиуми.
„Иднината на европската и глобалната безбедност зависи од исходот на војната во Украина. Сите сакаме оваа војна да заврши. Но, пред сe, сакаме мирот да трае. Не знам како или кога ќе заврши војната, но знам дека мирот нема да потрае ако Путин се снајде во Украина, бидејќи тогаш тој ќе продолжи напред“, рече Руте.
Руте ги повика европратениците да го поддржат неопходното зголемување на буџетите за одбрана на земјите од ЕУ бидејќи целта за трошоци за одбрана еднаква на два отсто од БДП, донесена пред повеќе од 10 години, е веќе недоволна. Според него, потребно е значително зголемување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте ја презеде функцијата генерален секретар на…
Поранешниот холандски премиер Марк Руте денеска ја…
Руте: ЕК да си го затегнат ременот,…
Европската комисија треба да го затегне ременот,…