Дежа-ву: Додека ние управувавме со игротеката, сè беше целосно легално и со важечко одобрение издадено од Град Скопје
Во врска со денешното рушење на игротеката „Deja Vu Park“ кај „Капитол Мол“ и со медиумските објави, тимот на игротеката денеска истакна дека додека тие управувале со објектот, сè било целосно легално и со важечко одобрение издадено од Град Скопје.
„Објектот беше поставен по барање и во соработка со Општина Аеродром, со цел да се создаде безбеден и пријатен простор за граѓаните, особено за најмладите“, велат од тимот на „Deja Vu Park“.
Игротеката беше отворен простор со слободен влез за сите деца и семејства, место на радост, насмевки и пријателства, каде што секој бил добредојден без разлика на статус, потекло или можности. Според соопштението, целта на тимот била да создаде простор исполнет со смеа и безгрижно детство.
Тимот на „Deja Vu Park“ ги повика медиумите и порталите да не шират невистини и сензационалистички текстови кои го нарушуваат угледот на луѓето што со години чесно работеле за децата и семејствата во општината. Тие најавија дека сите документи кои ја потврдуваат законитоста на работењето ќе ги објават јавно со текот на времето.
„Стоиме зад својата работа и зад сè што создадовме со почит, љубов и одговорност кон граѓаните. Deja Vu Park ќе остане запаметен како симбол на детска радост, а не како проблем“, посочуваат од тимот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дежа-ву: Додека ние управувавме со игротеката, сè…
Во врска со денешното рушење на игротеката…
Скандал во основно училиште во Делчево: Наставничка…
До ЛО Левица - Делчево стигнаа шокантни…
Aмари претседателка! Ѓорѓиевска од „ЗНАМ“ пак е…
Ивана Ѓорѓиевска од Движењето ЗНАМ, која беше…
РАБОТНИЦИТЕ БАРААТ МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ДО…
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), како…
СДСМ го прифати предлогот на Филипче, Александар…
Вчера на Извршниот одбор, секако, беше прифатен,…