РФМ ќе поднесе жалба за ужасното судење на мечот со Холандија!

t

Можеби првпат откако сегашното раководство е на чело на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) доаѓа до ситуација во која ќе биде испратена официјална жалба на судењето на вечерашната средба против Холандија (27-27) во склоп на второто коло на СП во Вараждин.

Причина за ова е револтот од начинот на кој данската судиска двојка ја делеше (не)правдата, за што доказ е фактот што противникот имаше дури 12 пенали, а нам ни беа доделени два директни црвени картони. Информацијата за ова ја потврди генералниот секретар, Филип Милошевски.

„За 12 години во ракометот не сум видел натпревар со повеќе пенали, украдени топки и искалкулирани фаули – во превод дробење. До сега ретко сме се жалеле, ама ова беше под секое спортско достоинство. РФМ ќе поднесе жалба, но без разлика на исходот – МАКЕДОНИЈА ПОБЕДИ“, напиша Милошевски.

Македонија има еден бод по првите два меча на СП, во пресрет на задутрешниот последен меч од првата фаза против аутсајдерот Гвинеја (18 часот).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…

Трагедијата која го погоди Кочани и целата…

Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…

Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…

(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…

Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…