Рјабков: Путин со ракетата Орешник испрати неколку сигнали до Западот
Говорот на рускиот претседател Владимир Путин по тестирањето на ракетата Орешник е сигнал за Западот дека Москва е способна да најде воени одговори на новите предизвици, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи – Сергеј Рјабков.
– Пред се, тоа е сигнал дека сме решени да одговориме на провокациите и чекорите на западните спонзори на режимот во Киев кои водат кон ескалација, за да ја сфатат сериозноста на моментот и нашата способност да најдеме воени одговори на нови предизвици – изјави Рјабков за весникот „Известија“.
Тој додаде дека обраќањето на рускиот претседател по тестирањето на системот „Орешник“ е предупредување за оние кои сакаат стратешкиот пораз на Русија да престане да го крева влогот.
– Крајно време е Западот да престане да го прави тоа – рече Рјабков, оценувајќи дека ситуацијата укажува на „постепено затапување на чувството за самоодржување“ кај оние кои таму одлучуваат.
Тој, исто така, посочи дека Русија има фундаментални интереси во безбедносната сфера „кои ќе бидат загарантирани да бидат обезбедени со сите расположливи средства“.
Рјабков додаде дека е против користење на терминот „црвени линии“ во дискусиите за безбедносни прашања, бидејќи тоа може да стане предмет на шпекулации и инструмент за манипулација.
Во говорот минатата недела, рускиот претседател Владимир Путин потврди дека вооружените сили на Украина целеле на руска територија со западно оружје и дека руските вооружени сили, како одговор на ракетните напади со долг дострел врз Русија на 21 ноември, тестирале среден дострел – балистичка ракета без нуклеарно полнење „Орешник“.
Руските вооружени сили извршија комбиниран напад врз воената фабрика Јужмаш во Днепропетровск, каде меѓу другото се произведува ракетна технологија.
Според Путин, проектилот не може да биде пресретнат од современи системи за противвоздушна одбрана. Лета со брзина од 2,5 – 3 километри во секунда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рјабков: Путин со ракетата Орешник испрати неколку…
Говорот на рускиот претседател Владимир Путин по…
Песков го обвинини Бајден дека ги саботира…
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ја обвини…
Песков: На Русија ѝ се потребни мигранти
На Русија, која е соочена со тешка…
Пентагон: Не сакаме војна со Русија, но…
Америка не сака војна со Русија, но…
Медведев објави видео: Баравте, добивте!
Во врска со вчерашниот руски напад со…